среда, 11 февруари 2026

Приведен албански државјанин за давање поткуп на ГП Блато

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ кај Дебар, привеле албански државјанин, поради нудење поткуп.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 20:25 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ц.(33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело ‘давање поткуп’ по член 358 од Кривичниот законик“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Според него, при пасошка контрола при излез од државата, тој во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник, со што го сторил делото.

Албанскиот државјанин е задржан во Полициската станица Дебар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ