петок, 23 мај 2025

Приведен албански државјанин кој се обидел да поткупи полицаец

Полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ кај Дебар, Регионален центар за гранични работи Запад, од слобода лишиле албански државјанин, кој понудил поткуп.

Објавено на

часот

Сподели

Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска во 9:15 часот, од слобода е лишено лицето Д.А.(30) од Хотеш, Република Албанија.

„Тој, при влез на македонска територија со патнички автомобил „фолксваген шаран“, со албански регистарски ознаки, во кој превезувал уште четири други албански државјани, на полицискиот службеник кој вршел гранични проверки за влез во државата, во личните и сообраќајните документи, му оставил пари“, информираше Димоски.

Додаде дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ