„При сообраќајна контрола на улица Борис Кидрич во Штип е сопрено патничко возило фиат со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.