„Во 23:20 часот на улица Гоце Делчев во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Н.В., на возраст од 64 години. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки, констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај“, појаснија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Лицето било задржано во полициска станица. Известен бил јавен обвинител.
„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, потенцираа од СВР – Велес.






