Околу 17 часот на ул.„Димо Хаџи Димов“ се случила сообраќакна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.К. и товарно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(31) од с.Морани, општина Студеничани, по што била удрена и 19-годишната А.С. – пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобиле возачот Е.Е. и неговите сопатници К.К.(30) и М.Е.(19), двајцата од с..Морани, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа, а по преземени мерки Б.К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик.





