вторник, 10 март 2026

Приведен 52-годишен наставник за сексуално вознемирување на 18-годишна ученичка

Во полиција било пријавено дека наставник во скопско средно училиште вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи, по што тој бил лишен од слобода.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека вчера во 17:30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје лишиле од слобода 52-годишен скопјанец, наставник во средно училиште на подрачје на општина Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25 февруари до 2 март, вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.

„По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, додадоа од МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ