вторник, 31 март 2026

Приведен 34-годишен гостиварец, осомничен е дека го убил својот татко

Денеска, два часа по полноќ, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, претходно во 01:30 часот во ПС Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода е лишен неговиот син. Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во бања, но случајот не го пријавил кај надлежните служби.

Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ