понеделник, 15 декември 2025

Приведен 33-годишник од Танушевци за превезување стока без документација

Триесет и тригодишно лице во текот на вчерашниот ден било лишено од слобода поради превезување стока без документација, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 17:30 часот, полициски службеници од СВР-Скопје – Полициско одделение-Мирковци го лишија од слобода В.Р. од село Танушевци, Скопско. При вршење на мотопатролна дејност, во село Кучевиште, Скопско, полициските службеници запреле товарно возило ‘цитроен’ со скопски регистарски таблички, управувано од В.Р. и при преглед на возилото, констатирано е дека во него превезувал стока за што не поседувал никаква документација“, појаснија од МВР.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ