„Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 30-годишник од Неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани на неговиот 53-годишен татко. Тој e задржан во полициска станица, известен e јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираа од СВР Велес.






