понеделник, 30 март 2026

Приведен 27-годишникот од Росомон што ја уби мајка си, сам се пријавил во полиција

Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од ОВР – Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР – Велес, тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди, починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци и увидна екипа од ОВР – Кавадарци“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ