вторник, 17 јуни 2025

Приведен 27-годишен кавадарчанец за напад врз баба си

Дваесет и седумгодишен кавадарчанец бил приведен за физички напад врз неговата баба, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 23:20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода П.К., постапувајќи по пријава, дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 78-годишна баба“, појаснуваат од СВР – Велес.

Лицето било спроведено во здравствена установа. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, како што посочуваат од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ