понеделник, 19 јануари 2026

Приведен 25-годишник за доиздржување затворска казна

На 17 јануари во село Старо Балдовци, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Џ.А.(25) од село Нова Маала, Струмичко.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна во траење од 10 месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ