среда, 18 март 2026

Приведен 25-годишник од Криволак за напад на малолетник

Жител на неготинското село Криволак бил лишен од слобода рано изутрина, по пријава дека нападнал малолетник, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 3:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.А., на возраст од 25 години од село Криволак, Неготинско, постапувајќи по пријава од С.Ј., на 52-годишна возраст од село Криволак, дека во близина на училиштето во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А.“, појаснија од СВР – Велес.

Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, како што беше посочено, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ