среда, 4 февруари 2026

Приведен 23-годишник во Аеродром, нападнал полицајци

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа лишиле од слобода 23-годишно лице од Скопје поради сомнение дека физички нападнало полициски службеник при извршување службени дејства.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот се случил на 3 февруари 2026 година во 22:35 часот на подрачјето на општина Аеродром, кога Д.М. (23) физички нападнал полициски службеник кој постапувал согласно своите овластувања.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ