„Вчера во 11:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.О.(19) од овој град, затоа што тој од верски објект (црква) во Кавадарци со употреба на алат и сила, од касетите во објектот одземал пари и кутија во која имало пари за донација на болно дете“, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе била поднесена соодветена пријава.