Тој се сомничи дека на дива депонија кај место викано Штипско рамниште, атар на село Пепелиште, на неколку места предизвикал пожар. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.






