сабота, 14 март 2026

Приведен 15-годишник поради закани за бомби и убиства во средно училиште во Тетово

Вчера, на 13 март, околу 13:55 часот во с. Џепчиште, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.М. (44) од с. Џепчиште.

Објавено на

часот

Сподели

При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово.

По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ