Според информацијата, вчера попладне на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж. од струшкото село Велешта.
„При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници, пронашле отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети“, пишува во соопштението на МВР.
Пронајдените работи, како што е наведено, биле одземени и по целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.






