недела, 14 декември 2025

Притворен тетовецот кој посредувал во проституција на девојката што се обиде да се самоубие

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти ЈОРМ, осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот.
По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ