среда, 18 март 2026

Притвор за подметнувач на пожар во Василево

E.A. (42) од село Василево, Струмичко, вчера беше притворен поради сомневање дека подметнал пожар на местото викано Џидет, во атарот на селото Василево.

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари. Лицето е задржано во полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ