
Како што соопшти МВР, кривично пријавените лица, по претходен договор за сума од 800 до 1.000 евра по лице, ги прифатиле илегалните мигранти на претходно утврдени и договорени локации во Атина и организирале нивно префрлување со возило до локација во близина на грчко-македонската гранична линија, по што пеш нелегално преминале на територијата на нашата држава и ги одвеле до кумановскиот регион, за нивно понатамошно пренесување во Р.Србија.
На 13.04.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против М.Б и Ф.Х., двајцата од Авганистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 в.в став 1 од Кривичниот законик.
Од страна на Судија на претходна постапка, на двете кривично пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.






