понеделник, 2 јуни 2025

Притвор за дилер од Битола, им давал марихуана и на деца

Основното јавно обвинителство (OJO) Битола донесе nаредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – nеовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази и дека за целиот тој период осомничениот во повеќе наврати им овозможувал да употребуваат марихуана и на малолетници на возраст од 14 години. При претрес во неговиот дом на 12 мај биле пронајдени околу 8 грама марихуана кои ги држел за неовластена продажба.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, соопшти Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ