сабота, 21 март 2026

Притвор за дилер на кокаин од Гевгелија

Во домот на С.М.И. (22) од Гевгелија вчера полицијата пронајде кокаин. СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против него поради сомневање за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Објавено на

часот

Сподели

Во неговиот дом биле пронајдени 27 грама кокаин, една дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети со остатоци од кокаин.
Пред почетокот на претресот, односно во момент кога полициските службеници  го запознавале осомничениот со содржината на наредбата за претрес, од која еден примерок му бил врачен и нему, тој противправно го одзел и вториот примерок од наредбата, кој содржи службен печат и го искинал.
Лицето било задржано во полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По поднесување на пријавата, тој бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ