сабота, 26 јули 2025
МВР ги објави деталите од трагедијата во Прилеп

Прилепскиот убиец ги намамил жртвите да му дојдат на гости по што ги убил

Вчера околу 15 часот 62 годишниот П.Ѓ. од Прилеп телефонски му се јавил на неговиот внук од сестра 43 годишниот П.Ч. од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом, но инсистирал со себе да го поведи и неговиот малолетен 12 – годишен син, соопшти попладнево СВР Битола. Според првичните сознанија на полицијата, П.Ч. по поканата од неговиот вујко го зел со себе малолетниот син, по што ѝ кажал на неговата сопруга К.Ч. дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со неговиот син, по што заминале.

Објавено на

часот

Сподели

Според сознанија од очевидци кои ги има Прилепската полиција околу 15:30 -16 часот во непосредна близина на куќата на сега починатиот П.Ѓ. се слушнале истрели од огнено оружје, (најверојатно тоа бил моментот на убиството во кој П.Ѓ. ги застрерал внукот и неговиот малолетен син) но, до тој момент немало никаква пријава во ОВР Прилеп за било какво пукање на подрачјето на градот.

Според сознанијата до кои дошле полициските службеници од ОВР Прилеп, на фејсбук профил за кој се претпоставува дека е креиран и припаѓа на убиецот, вујкото П.Ѓ. во 17:10 часот бил поставен статус со сомнителна содржина каде истиот ја прозива неговата сестра и внукот ( според времето на објавување се претпоставува дека статусот е објавен по убиството на внукот и неговиот малолетен син).

„Сопругата на сега убиениот П.Ч. според сознанијата, по извесно време пробала да ги добие телефонски сопругот и синот, но откако истата не ги добила, се упатила кон куќата на вујкото на нејзиниот сопруг, по што истата видела дека влезната врата е затворена и никој не се одзвива на нејзините довикувања, а надвор пред куќата го забележала паркирано патничкото возило на нејзиниот сопруг. Истата, по одредено време во 21:20 часот го пријавува настанот во ОВР Прилеп дека истиот ден од домот се оддалечил нејзиниот сопруг заедно со нивниот малолетен син и посочува дека најверојатно се наоѓаат во домот на вујкото на нејзиниот сопруг“, информираа од СВР Битола.

Откако во 21:20 часот истата го пријавила настанот во полиција по што полицајците веднаш заминале на улица Стеван Апостолоски за да извршат проверка по пријавата, во домот на П.Ѓ. никој не ја отворил вратата. Веднаш бил известен јавен обвинител кој издал наредба употреба на сила да ја отворат вратата. Кога влполицијата да ја отвори вратата со сила. Кога вегле во куќата П.Ѓ. фрлил бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полицијата излегла од куќата, од страна на П.Ѓ. било пукано кон нив, при што полициските службеници возвратиле со пукање од службено оружје кон куќата и известиле по радио врска дека во 22:40 часот е пукано кон нив. По кратко време П.Ѓ. со огнено оружје се самоубил. На местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош, а доктор констатирал смрт како последица од огнено оружје кај П.Ч, П.Ѓ. и 13-годишен малолетник.

„На 13.07.2025 во 1:20 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител бил извршен увид на улица Стеван Апостолоски во Прилеп при што од увидот констатирано било дека во куќа со приземје и кат со дворно место пред влезната врата како и во домот беа пронајдени чаури од огнено оружје , како и влезно излезни траги од проектили. Во ходникот на подот пронајдена била и една рачна бомба М93. Исто така на влезот од собата пронајден бил пиштол калибар 9 мм и пиштол калибар 7,65 мм , документи, парични средства како и договори за имот и останати документи“, информираа од МВР.

Од страна на јавен обвинител била издадена наредба врз телата на починатите да се изврши обдукција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ