недела, 6 јули 2025

Прилепчанец им подлегнал на повредите од удар на возило, додека си го туркал велосипедот

На 15.06.2025  околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, Прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ