сабота, 28 март 2026

Пријавиле во полиција дека во фабрика во Илинден има бомба, проверките утврдија дека е лага

Во СВР Скопје утринава е пријавено дека во фабрика во населбата Илинден е поставена експлозивна направа. По извршените проверки, констатирано е дека станува збор за лажна пријава.

Објавено на

часот

Сподели

„На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 6 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа“, се вели во соопштението на МВР.

Како што посочуваат, веднаш биле упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ