петок, 13 март 2026

Пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип

Во изминатото деноноќие, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи интервенирале по повеќе пријави за семејно насилство на подрачјето на Скопје, Делчево и Штип, при што неколку лица биле лишени од слобода.

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението од МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.К. (41) од Велес, по пријава од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка дека истиот ден околу 8 часот, во семејниот дом во Скопје, физички ја нападнал со тврд предмет и ѝ го оштетил мобилниот телефон. При извршен претрес во домот била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Рано утрово во село во Делчевско, полицајци го лишиле од слобода В.Н. (53) откако неговата 53-годишна сопруга пријавила дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил закани. По документирањето, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Делчево утрово беше приведен и А.И. (48) по пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и го оштетил нејзиниот мобилен телефон. По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.

Во Штип, пак, вчера 26-годишен маж пријавил во СВР Штип дека во неговиот дом, по претходна расправија бил физички нападнат од неговата девојка М.Ј. (20) од штипско. По документирањето на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ