понеделник, 15 декември 2025

Пријави за кратовчанец и крушевчанец, биле фатени каде што возат пијани

Утринава во 1:19 часот во Кратово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Т.М. од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое С.Т.М. го управувала и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Фото: Архива/МИА

Објавено на

часот

Сподели

Вчеравечер пак во село Бучин, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода М.Г. од село Кривогаштани. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое М.Г. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,85 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ