недела, 6 јули 2025

Пријавени три случаи на семејно насилство во Кавадарци

Три случаи на семејно насилство се пријавени во полиција. Во првиот случај, малолетник од Кавадарци бил лишен од слобода, зaшто по расправија со остар предмет му се заканувал на братот, информира СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 3 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Росоман, по претходна расправија, се заканувал со остар предмет на неговиот 19-годишен брат. Предметот е пронајден и одземен, лицето е приведено во полициска станица и предадено на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.

Во вториот случај, пак, физички напад од синот пријавила мајка од кавадаречко село.

„Вчера во 12:55 часот во ОВР Кавадарци извршен е службен разговор со А.А.(20) од кавадаречко село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна мајка дека физички ја нападнал. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.

Во третиот случај, пак, вчера во 12:20 часот во ОВР Кавадарци, Г.М.(48) од Кавадарци пријавила дека во дворот од домот на нејзините родители во Росоман била физички напдната од Н.Т. и нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ