петок, 20 март 2026

Пријавена измама во Тетовско, го оштетиле за 2.000 евра

Жител на тетовското село Слатино, на возраст од 33 години, пријавил во СВР Тетово дека бил жртва на измама од две лица од соседното село Шемшово. Според информациите, случајот бил пријавен на 29 август годинава околу 19:30 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Во пријавата стои дека во текот на април пријавените лица од оштетениот купиле столарски алат во вредност од 4.500 евра. Од целата сума му исплатиле 2.500 евра, но не и останатите 2.000 евра, иако во меѓувреме алатот веќе го препродале.

Случајот е квалификуван како кривично дело измама согласно член 247 од Кривичниот законик. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ