недела, 15 март 2026

Пријавен напад од четири лица во подземна гаража во Центар, од 37-годише скопјанец

Триесет и седумгодишен скопјанец вчера пријавил во СВР Скопје дека тој и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица во подземна гаража на подрачјето на Центар, при што тројца од нив физички го нападнале, а едно лице било вооружено со огнено оружје.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека според пријавата од И.Т. настанот се случил вчера на 14 март околу 19:00 часот, а бил пријавен истиот ден подоцна во 23:00 часот. Во пријавата, навел дека тој и неговата сопруга биле пресретнати во подземна гаража од зграда од четири лица, од кои едното било вооружено со огнено оружје, а тројца физички го нападнале.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ