сабота, 5 јули 2025

При семејно насилство, скопјанец тешко ја повредил мајка си

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – телесна повреда.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

„Имајќи ја предвид, пред се, опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ