„Синоќа во 22 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(38) од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од кавадаречкиот основен суд, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација“, појаснија од МВР.
Оттаму посочија дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.






