вторник, 23 декември 2025

При претрес на објект во Тетово пронајдени 25 паковки со кокаин и марихуана, шест лица уапасени

Објавено на

часот

Сподели

Во информацијата на СВР Тетово  се вели дека вчера вечерта бил извршен претрес во угостителски објект во сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово, а кој е лоциран на плац за стари возила на улицата „Видоја Смилевски-Бато” во Тетово. По претресеот полицијата ги лишила од слобода:Љ.С(24),С.А.(33) од Тетово, М.А.(37), од тетовски Порој, С.С.(29), С.С.(36),двајцата од Шемшово, како  и сопственикот на објектот.

„При претресот, реализиран со судска наредба, на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана.Сето пронајдено е фотодокументирано и подигнато за вештачење. Лишените лица од слобода се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од СВР Тетово.

Во друга полициска акција, на улицата „113″ во Тетово, полициски службеници  ги лишиле од слобода Х.Т.(40) и Б С.(43) од Тетово, затоа што при претрес им биле пронајдени марихуана и дробилка. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ