„На 12 и 13.07.2025 во период од 23:20 до 4:50 часот, полициски службеници од НККР Пробиштип, ПСОН Штип, СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, Управа за јавни приходи и Државен градежен инспекторат за урбанизам, во рамки на активности за откривање на кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори и бесправно градење, а врз основа на судска наредба од Основен суд Штип, извршија претрес во дом и други помошни простории на лицата Љ.Н. и А.Н. од Пробиштип“, соопшти денеска МВР.
Исто така, врз основа на судска наредба извршени се претрес и на станбени објекти, канцелариски простории, угостителски објекти, помошни простории и гаражи, кои се во сопственост или ги користи правно лице од Пробиштип, а лоцирани во село Плешенци, пробиштипско.
При претресите пронајдени се и одземени марихуана, три дигитални видео рекордери од поставен видео надзор и други предмети. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.