понеделник, 2 февруари 2026

Претреси во Битола – приведени 18-годишничка и 40-годишник, пронајдена им е дрога

Утрово во 2 часот на улицата „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Битола информираат дека со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.

Службеници на СВР Битола спроведоа акција и на улицата .„Илинденска” во Битола и го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, потврдија од СВР Битола.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ