Според неофицијални информации, во истрагата се прибрани материјални докази кои укажуваат на инволвираност на повеќе лица – меѓу кои фудбалери, тренер и раководни структури од двата клуба.
По барање на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство издало наредби за претреси, а засега под сомнение се седум лица.
Ова е прв случај од ваков тип што се расчистува, не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.
А.Д.






