„Постапувајќи по објавени видеозаписи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичкото обезбедување на настан по повод празникот 2 Август, а поради основи на сомнение дека ги направиле Д.Х. и Д.Г. извршени се претресите. Притоа, во домот на Д.Х. се пронајдени, дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет за понатамошна постапка, додека кај Д.Г. биле пронајдени 14 дронови“, се вели во соопштението од МВР.
Со двајцата се извршени службени разговори во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.






