четврток, 11 декември 2025

Претрес во Tетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица

Утрово околу осум часот, полициски службеници од СВР Тетово го уапсиле  Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага.

Објавено на

часот

Сподели

При претресот во неговиот дом е затекната И.Д. државјанка на Германија, која е привидена и задржана во полициска станица затоа што го пречекорила туристичкиот престој.

Ф.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ