понеделник, 5 мај 2025

Претрес во Струмичко, пронајдена дрога, приведено еден осомничен

Во струмичкото село Колешино синоќа во 20:20 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.Г. од истото село.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени околу 120 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Осомничениот бил задржан во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против А.Т.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ