вторник, 30 декември 2025

Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведено едно лице

Вчера вечер во село Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И. Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис и две ќеси со помали гранчиња од растението канабис.

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот С.И. е задржан во полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ