При претресот откриени и запленети се најлонски кеси со бела прашкаста материја, односно кокаин со различна грамажа, една дигитална вага со остатоци од прашкастата материја, парични средства (во денари и евра) а затекнато е и лицето Ф.К. (22) од Скопје кај кого е пронајдена ќесичка со бела прашкаста материја, односно кокаин.

Севкупната количина на дрога откриена при овој претрес изнесува околу 22 грама, или според вредоста на нарко-пазарот околу 2.200 евра, така што заедно со претресот што ЕНТ при СВР Скопје го изврши вчера наутро, за што МВР веќе ја информираше јавноста, вчера беа откриени и заплененти околу 122 грами кокаин.
Инаку, по консултации и наредба на надлежен ЈО од ОЈО Скопје, двете лица се лишени од слобода и приведени во ПСОН Кисела Вода за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






