петок, 13 јуни 2025

Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат

Денеска по судска наредба, полицијата изврши претрес во дом и други простории кај Л.К. (21) од Скопје поради сомневање за сторени кривични дела правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување, компјутерски фалсификат и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Објавено на

часот

Сподели

При претресот пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како  и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ