петок, 13 март 2026

Претрес во Марино, пронајдена е дрога

Полициски службеници вчера лишиле едно лице од скопско Марино, откако кај него пронашле марихуана и дигитална вага.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 21:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(30) од с.Марино, скопско. По наредба од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот на Д.Р., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР најавија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ