недела, 1 февруари 2026

Претрес во кафеана во гостиварско, пронајдени оружје и дрога

Вчера вечер, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Ш., М.Х., Ф.Ш. од село Чегране и 17-годишна малолетничка од село Волковија. По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект во  Чегране, сопственост на првопријавениот, Ш.Ш. при што кај М.Х. се пронајдени и одземени шест паковки со кокаин.

Објавено на

часот

Сподели

„Во помошна просторија на објектот бил пронајден гасен пиштол, додека во фиока од комода била пронајдена прашкаста материја и пари. Ш.Ш. и М.Х. се лишени од слобода, а во врска со кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Од слобода се лишени и Ф.Ш. и 17-годишна малолетничка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ