недела, 14 декември 2025

Претрес во Гостиварско – пронајдена дрога, приведено едно лице

 

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 22:40 часот во  гостиварското село Долна Бањица го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

„Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ