Имено, на 04.10.2025 во 03:10 часот на улица ,,Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишија од слобода Џ.Ш.(24) од Р. Турција, кој се движел со патничко моторно возило ,,голф” со скопски регистерски ознаки, затоа што во возилото била пронајдена и одземена марихуана. По добиена судска наредба, во 09:30 часот извршен е и претрес во дом и помошни простории во Гостивар, каде тој престојувал, и при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. По документирање на случајот, против Џ.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога кај турски државјанин
Дваесет и четиригодишниот Џ.Ш. од Турција е лишен од слобода во Гостивар за поседување марихуана и кокаин.

ТОП ВЕСТИ





