недела, 14 декември 2025

Претрес во дом во Кичево, приведени две лица за пронајдена дрога

Полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера попладне ги лишиле од слобода Е.П.(30) и А.П.(60) од Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, при претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста  материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски пакувања со бела грутчеста материја.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ