вторник, 3 февруари 2026

Претрес во дом на млад кавадарчанец, одземени предмети под сомнеж дека се украдени

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела кражба.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска, полициски службеници од ОВР – Кавадарци извршиле службен разговор со Б.Б., на возраст од 29 години од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела кражба. Одземеното ќе биде вратено на сопствениците“, соопштија од СВР – Велес.

Оттаму додадоа дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биле поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ