Од СВР Битола информираат дека пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачје на Битола.
„На 21 февруари, со судска наредба, беше извршен претрес во домот и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Од страна на судија на предходна постапка на Л.Б. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена“, потврдија од СВР Битола.
МИА






